Мароканци предизвикале големи нереди во Париз, Амстердам, Хаг, Лион

Очекувано после секој настап на мароканската репрезентација, без разлика дали е на Светско првенство или Куп на африкански нации, членови на мароканската дијаспора во Холандија, Белгија и Франција прават хаос по улиците.

По крајот на мечот Франција - Мароко (2:0) во Хаг, Ротердам, Амстердам имало големи нереди меѓу Мароканци и полицијата. Органите на редот уапсиле осум лица кои ќе добијат кривични пријави за напад на службени лица и оштетување јавен имот и нарушување јавен ред и мир.

Мароканци и после победата над Холандија 2-1 правеле лом во некои холандски градови каде се судрија со полицијата, а и сега било жестоко после мечот со Франција.

Нереди имало и во Париз каде биле запалени десетина приватни возила по судир меѓу Мароканци и полицијата:

„Во цела Европа буктат нереди. Да се протераат овие бунтовни Мароканци од Европа назад во африканските пустини заедно со нивните семејства. Овој вид разноликост е смртна болест и прифаќање мултикултурално насилство е предавство. Направете што и да треба за да се возобнови редот“, напишал познатиот холандски десничар и пратеник Герт Вилдерс.

Минатиот викенд кога Мароко ја совлада Канада, исто стотина марокански навивачи гаѓале народ со огномет, возеле брзо, правеле бука и се судриле со полицијата во Хаг како синоќа.

Командирот на единицата за брза интервенција во Хаг, Сандер ван дер Хиле вели дека полицајците воглавно се воздржувале да интервенираат во некои инциденти за да спречат поголемо насислство.

„Ако почнеш да применуваш сила над помали испади, ќе избие војна“, рекол тој за Де Телеграф.

Во Холандија има околу 430.000 Мароканци од прва и втора генерација.

 

10 јули 2026 - 12:19