Македонско четвртолигашко шоу со коментар на англиски

Ако мислите дека мак фудбалот е тапа и понатаму, во заблуда сте 100%. Пробајте да гледате четврта лига на Јутјуб, па ќе прајме муабет.

Се сеќавате ли на ФК Слободен, уникатната приказна со уникатно име создадена преку познанства од скопските маала? 

Постои веќе една година и се развива со новитети кои веројатно нема да ги сретнете во ниту една друга лига и во ниту еден друг спорт.

Претседателот на ФК Слободен коментира натпревар на англиски јазик. Врв. И тоа со примеси на македонски и српски. Не се зезаме, ќе ви го докажеме тоа со видео.

Се работи за гостувањето против Зелениково во 2. коло од четвртата лига, каде Слободен го торпедира домаќинот со 1:5.

Коментаторот (претседателот) е најјак. Почнува на англиски, му дофрла на судијата на македонски, урла на головите како ултрас и води грижа дали има мраз за повредените.

Се гледа и слуша цел видео, од почеток до крај. Има и два евроголови за најавни шпици, едниот од корнер, другиот од слободен удар.

11 октомври 2023 - 13:17