Мајсторија на Мбапе со паненка, Брахим Дијаз во фокус

Во дербито на 21. коло на шпанска Ла Лига, Реал Мадрид со 0-2 го совлада Виљареал на гости и го преброди тешкото гостување. Стрелец на дватра гола беше Килијан Мбапе кој продолжува да блеска во голгетерска форма. Прво во 47-ма минута го отвори домаќинот а во 90+2' од судиското продолжение откако сам се избори за пенал, изведе супер паненка за конечни 0-2.

Режијата на натпреварот сјајно досетливо веднаш после пеналот го прикажа Мароканецот Брахи Дијаз кој се посрамоти со очаен обид за гол со паненка од пенал во финале на Африкански Куп на нации против Сенегал.

Мбапе после голот го гушна Дијаз и му рече „ова е за тебе“.

0-1:

0-2:

Реал Мадрид со овој триумф е прв со 51 бод, пред Барселона која има 49 бода но и натпревар помалку против Овиедо денес од 16:15.

25 јануари 2026 - 09:31