Она што дискретно се најавуваше во германските медиуми се оствари. Новиот германски селектор Јирген Клоп решил да повика 44 фудбалери за претстојните натпревари во Лига на Нации.
Трофејниот тренер кој направи револуција во Ливерпул, сега сака да ја врати Германија на старата слава. На денешниот прес во базниот камп на Германската фудбалска федерација, Клоп ги изненадил присутните.
Практично тој не соопштил список, туку 2 списоци на фудбалери за дуелите на Германија со Холандија на гости и со Грција дома, па со Србија дома и Грција на гости. 44 играчи, 16 дебитанти.
Клоп решил една екипа од 23 фудбалери да ги пројде првите 2 натпревари, а втората од 22 репрезентативци да ги одигра вторите два натпревари од Лига Нации.

На некои од натпреварите нема да мора да играат главните ѕвезди како Кај Хаверц, Серж Гнабри, Јамал Мусијала, Јоуша Кимих... Тие, смета Клоп и онака се пренатрупани од натпревари во клупскиот фудбал и им треба повеќе одмор. А притоа ќе може да тестира други фудбалери кои утре би играле за Германија на подолг рок.
„Сакам да запознаам што е можно повеќе играчи. Нема А и Б тим. Екипите се ставени заедно за да има смисла на терен и во однос на карактерот и искуството. Има неколку имиња кои ќе бидат изненадување, но сакам да биде и дел од нивниот развој“, рекол Клоп на прес-конференција и додал:
„Не гледавме што ни фали, туку што имаме и сфативме колку многу фудбалски талент имаме.
Има 11 нови имиња меѓу кои одличниот фудбалер од нападот на Хофенхајм, 23-годишниот Бамбасе Конте, одбранениот фудбалер на Штутгарт Фин Јелч, Мика Баур од Селтик, Дери Шерант од Фрајбург, Јунес Ебнуталиб од Ајнтрахт Франкфурт, десниот бек Феликс Кајдел кој доаѓа во репрезентација со 23 години и само 3 настапи за Елверсберг.