Кун Агуеро заигра фудбал на ревијален натпревар па ќе се степаше

Легендарниот аргентински центарфор кој правеше дар-мар во дресовите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити на кој му донесе титула чекана неколку децении, во 2021-ва се повлече од фудбалот поради сериозни кардиолошки проблеми. Агуеро паузираше досега а сега докторите му дале дозвола да игра фудбал па отишол на еден ревијален турнир каде се игра 7 на 7 во организација на Манчестер Сити во Северна Каролина. Дал гол но и ќе се степал за малку поради остар старт.

На турнирот играле уште и Марко Матераци, Џузепе Роси и други поранешни фудбалери. Кун Агуеро се покажал во одлично светло: 

6 јуни 2024 - 12:18