Кралевите со најполна каса изминатата сезона

И покрај економската криза која влијае и во спортот, еден од најмоќните фудбалски клубови во светот ги трие рацете.

Според дневниот весник „El Confidencial" Реал Мадрид ќе ја затвори сезоната 2012/2013 со фантастични приходи од 521 милиони евра, износ кој не успеал да го оствари ниту еден спортски клуб во светот.

Оваа огромна сума на пари доаѓа по една тешка економска година особено од аспект на продажбата на билетите кои се високи за Шпанците кои се погодени од кризата. Но затоа приходите најмногу доаѓаат од телевизиски права и силниот маркетинг.

Кралскиот тим успеа да го надмине рекордот од минатата сезона кога оствари приходи од 512 милиони евра со што стана единствениот клуб кој ја минал границата од над половина милијарда евра приходи за една сезона.

31 јули 2013 - 16:29