Копачките со кои го постигна евроголот, Гарначо му ги подари на дете за роденден
Алехандро Гарначо на само 19 години покажа како се изведува велемајсторија со ножички какви што ретко се гледаат, но и покажа дека знае како да израдува дете до солзи. Малиов за роденден ги доби копачките со кои фудбалерот на Манчестер Јунајтед го даде голот кој може да му ја одбележи кариерата и тоа лично од него. Каков гест.