Додека Роналдо ги навикна навивачите на фамозниот залет па скок во пируета и извик „Сииииуууу“, Лионел секогаш, без исклучок ги крева двете раце кон небото.
Еве како изгледа таа прослава: декември 2019-та година против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“, единствен подогок на тој меч за победа:
Пар месеци претходно Аргентинецот така прослави гол против Ваљадолид. Тогаш даде 2 гола со 2 асистенции:
Традицијата со кренати раце кон небото продолжи и во 2020-та. Меси по голот со Еибар:
Пред неколку дена Лионел Меси го освои 35-от трофеј во кариерата со Барселона и стана лидер на вечната листа играчи со најмногу пехари во клупската историја.
На мечот со Атлетик Билбао кога Барса ги згроми Баскијите со 4:0, Меси постигна два гола од кои едниот го прослави со кренати раце кон небото:
МЕСИ ТОА ГО ПРАВИ ВО ЧЕСТ НА СЕЛИЈА КУЧИТИНИ
Селија Кучитини е баба му на Лионел која му помогнала да ја почне кариерата. Кога малиот Лео имал 4 години, таа го однела на првиот тренинг кај Салвадор Апарисио, прв детски тренер на Меси. Лео се вљубил во топката и баба у Селиа често го носела на фудбал.
„Беше многу сериозен, секогаш седеше со баба му“, се сеќава Апарисио на најдобриот фудбалер на светот.
Но Апарисио не се решил веднаш да го задржи Меси. Дури и сметале дека нема место за него во екипата зошто бил малечок, низок, слаб. Целата приказна ја истерала сињора Кучитини која што го убедила тренерот да му даде уште една шанса на внучето.
Апарисио не сакал да го стави Меси да игра против деца кои биле повисоки, посилни, поголеми. „Стави го!“, викала госпоѓа Селиа. „Не, не, уште е многу мал“, одговарал тренерот Апарисио.
Долго време се убедувале, на крај тренерот попуштил и го ставиле Меси во тимот. Тоа била најважна одлука за најголемиот фудбалер на сите времиња. „Како ќе примеше топка, одма ги дриблаше противниците“, раскажал подоцна Апарисио.
Малиот Лео немал толку голема поддршка ниту од родителите каква што имал од баба му. Таа била пробивна и искрено верувала во него. Кога родителите се плашеле за тоа малиот и ситен Лионел да не го смачкаат на теренот, Селиа им одговарала: „Оставете го детето на мира. Он дава голови не некој друг“.
Со тек на време родителите се смириле.
Баба Селија му помогнала на Лео да порасне и како човек и како фудбалер. Во едно интервју подоцна Меси раскажал:
„Баба Селија првпат ме однесе на фудбалски терен. Памтам како одевме кај неа секоја недела и тоа беше празник. Баба ми многу личи на главната хероина од филмот „Синот на невестата“ (аргентински филм). Таа правеше исто такви добрини иако и таа имаше Алцхајмерова болест“.
Селија потекнувала од сиромашно семејство но секогаш им давала се на децата. А како и секој жител на Аргентина, страсно го сакала фудбалот. Затоа многу сакала некој од внуците да и стане фудбалер.
Меси имал 10 години кога баба Селија заминала од овој свет. Сега секој гол и го посветува неа, со кренати раце на небото, во знак на љубов и сеќавање кон баба му. Лео верува дека таа го гледа и е горда на него.