Фудбалската бајка која трае оваа сезона во ЛШ и која по 23 години ќе игра во полуфинале испиша нова историја која никој не можеше да ја промени речиси четири децении во Холандија.
Со триумфот над Витесе од 4:2 Ајакс стана најефикасната холандска екипа во историјата со рекордни 160 голови за една сезона на сите натпреварувања.
Младиот холандски состав му го сруши рекордот на АЗ Алкмар од сезоната 1980/1981 кој го држел тронот со 158 гола, а историјата ја испишаа со предноста од 3:1 бидејќи тоа беше голот број 159.
Records are there to be broken...
— AFC Ajax (@AFCAjax) April 23, 2019
1 season, 159 goals 😍#ajavit
Ајакс сега има 160 гола на 53 средби или во просек по 3 на натпревар. Втор на оваа листа сезонава во Европа е Манчестер Сити со 155 гола на 56 средби (2,7 во просек), трет е ПСЖ со 137 гола на 50 меча (2,7 во просек), па Барселона со 129 гола на 53 средби (2,4 во просек). 45 се на Меси.
Ајакс сега има можност да го направи рекордот уште понедостижен бидејќи има уште два натпревари во домашното првенство, уште два во полуфиналето од ЛШ (можност и за финале) и уште еден во финалето на Купот на Холандија. Инаку стрелец број 1 им е Душан Тадиќ со 24 гола во првенство.
Момците на Ерик тен Хаг имаат 80 бода и водат тешка и неизвесна битка за титулата со ПСВ кој има 77 бода, но и натпревар помалку. Ајакс на 12 мај игра дома со Утрехт, а три дена подоцна му гостува на Де графшап. ПСВ гостува против Виљем Втори, па кај АЗ Алкмар, а во последно коло игра дома со Хераклес.