Оле Гунар Солскјер се појави на Олд Трафорд и за прв пат после долго време ја врати верата кај навивачите кои се надеваат дека клубот конечно ќе го биде.
За привремениот норвешки стратег на Јунајтед кој има договор до јуни, имаше топло добре дојде на стадионот каде никој го нема заборавено и кога се појави не можеше да ја сокрие топлата и задоволна насмевка.
90 минути подоцна, имаше уште повеќе насмевки и кај него и кај навивачите, бидејќи по гостинското дробење на Кардиф од 1:5, убедливо го совлада и Хадерсфилд со 3:1. Тоа се 8 гола на два меча кои не ги гледаш со Мурињо.
Колку се убави овие средби. Како навивач ти се врти во глава голот од финалето во ЛШ против Баерн и после 20 години миленикот си го гледаш како тренер на клубот за кој навиваш. Па има ли поубаво? Славниот банер '20LEGEND' заслужено е обновен и виси на една од трибините.
„Се чувствувам како дома. Од моментот кога дознав дека ќе ја вршам оваа улога, денес беше денот кога навистина не можев да дочекам. Појавувањето на Олд Трафорд за мене беше нешто посебно, особено кога се сретнав со навивачите, како и со луѓето кои се уште работат тука од времето кога бев играч. Нашите навивачи се неверојатни. На такви се сеќавам уште кога бев претходно тука. Време е да се вратат вербата и поддршката“, изјави Солскјер кој посакува да го врати на стари патеки брендот Манчестер Јунајтед.
„Немам никакви илузии во однос на обемот на работата која не чека. Мораме да ги потсетиме луѓето дека се работи за Манчестер Јунајтед. Мораме да им покажеме што сме ние навистина. Ова е клуб изграден врз база на забава и возбуда, кој им дава можност на младите играчи да се изразат. Овие играчи покажаа дека имаат дух“.
Инаку под водство на Солскјер, изгледа дека е на повидок препородување кај најскапиот играч во историјата на Јунајтед. На последните две средби имаше два гола и две асистенции, а со Мурињо еден гол и три асистенции на 12 натпревари.
Old Trafford welcomes Ole Gunnar Solskjaer! #MUFC #MUNHUD pic.twitter.com/ESOlwy4j8O
— Manchester United (@ManUtd) December 26, 2018