Кој би рекол дека ќе читаме вакви вести за Манчестер со Мурињо

По потрага по барем близу достојна замена за незаменливиот Фергусон, кој се препотува од мака кога ги гледа од вип ложата, Црвените ѓаволи по Мојс и Ван Гал, беше сосема логично спасот да го бараат во Жозе Мурињо. Но не оди и не оди.

Манчестер Јунајтед – Арсенал 1:1, Манчестер Јунајтед – Вест Хем 1:1. Тоа се нивните два последни резултати на Олд Трафорд. Два гола на два меча пред своја публика е беда за тим со Ибрахимовиќ, Руни, Погба, Мата, Рашворд, Марсијал кои треба да дробат.

Тимот на Мурињо има 5 победи, 5 нерешени и 3 порази, а пред нив на табела се Тотенхем, Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и лидерот Челси кој им бега 11 бода. Неочекувана слика на славниот премиерлигаш прикажана низ 7 наслови или факти:

- Манчестер Јунајтед не успеа да победи на 4 првенствени меча по ред на домашен терен за прв пат по 1990 година.

- Манчестер Јунајтед го има најлошиот старт по 13 кола во ерата на Премиер лигата.

- Жозе Мурињо рогна шише на сред натпревар.

- Жозе Мурињо се соочува со два меча суспензија по вториот добиен црвен картон овој месец.

- Жозе Мурињо има повеќе црвени картони на Олд Трафорд во првенството, отколку победи на домашен терен.

- Погба доби жолт картон за глума на дуелот против Вест Хем.

- Манчестер Јунајтед немаат среќа и нивната трка за титулата е завршена. (анализа на БиБиСи)

И една фина вест, но тука се брои и Сити.

-Ниту еден тим од Премиер лигата нема победа во Манчестер од септември.

28 ноември 2016 - 16:41