Како почнаа фудбалерите да си разменуваат дресови

Таа праска меѓу играчите од противничките екипи ја гледаме со години и се практикува многу често по завршувањето на натпреварите, а многу ретко на полувреме. Традицијата е стара 85 години.

Еден Азард си замени дрес со Анхел Ди Марија на полувремето од мечот меѓу Челси и ПСЖ кој се играше во средата и за тоа доби критики. Но тој не е првиот играч од Премиер лигата кој тоа го сторил по крајот на првиот дел.

Марио Балотели за таквиот потег доби казна од клубот кога како играч на Ливерпул во 2014-та на средбата против Реал Мадрид дресот на полувреме го замени со Пепе.

„Не го одобрувам тоа, ако некој сака да го прави тоа може по крајот на натпреварот, а не на полувреме“, изјави тогаш Брендон Роџерс.

Соиграчот на Балотели, Мамаду Сако една година претходно на мечот против Челси си замени дрес со Ето. Андре Сантос ги разлути навивачите на Арсенал кога си замени дрес со Ван Перси кој го напушти тимот од Лондон за Манчестер Јунајтед. Тео Волкот со Ван Перси тоа го стори во тунелот за да го избегне бесот на навивачите.

Многумина мислат дека размената на дресови на полувреме илустрира недостаток на фокус и посветеност, но тоа е еден вид бон тон кој често пати е на прво место по последниот свиреж на судијата.

Таа традиција не е од поново време, туку потекнува од мечот меѓу Франција и Англија одигран во Париз во 1931 година. Французите славеле 5:2 и тоа била прва нивна победа против Гордиот Албион. На крајот домаќините им ги побарале дресовите на гостите со цел да ја запаметат и архивираат првата нивна победа против земјата која го измислила фудбалот.

На Светските првенства почнува да се практикува во 1954 година во Швајцарија, а во Европскиот Куп во 1962 година 20 годишниот Еузебио за време на прославата на втората титула по ред на Бенфика беше подигнат во вис од страна на навивачите, а потоа изјави: 

„Имав дрес од Алфредо Ди Стефано пикнат во моите панталони и ми беше страв дека некој ќе ми го земе“. 

Селекторот на Англија ја спречува размената на дресови меѓу Џорџ Коен и Алберто Гонзалес.

Од Мундијалот во 1966 година размената на дресови стана редовна пракса после важните натпревари, а на четвртфиналето меѓу Англија и Аргентина стана централна точка. 

Со голот на Џеф Хартс Англија ја елиминираше Аргентина, а селекторот Алф Рамзи кој ги нарече Аргентинците “животни“ не му дозволи на Џорџ Коен да си размени дрес со Алберто Гонзалес. 

По четири години, Боби Мур како Светски првак од 1966-та, загуби со Англија од Бразил, а потоа со Пеле си разменија дресови, слика која ќе остане запаметена во историјатот на Мундијалите. 

Поранешниот фудбалер Џеф Агос кој има над 100 настапи за САД има собрано колекција од над 400 дресови во кариерата. 

„Претпоставувам е чудно да ги задржам овие сувенири, но со нив се прави еден посебен момент, особено кога играчот е од друга земја или голем клуб“. 

Пеле и Боби Мур на СП 1970

Во 2004 година аматерскиот клуб Скарборо беше домаќин на Челси во ФА Купот, а 22 годишниот Ли Вокер му го побара дресот на Карло Кудичини. Италијанецот му остави порака на дресот: За Вокер, со среќа до крајот на сезоната.

Вокер кој помогна неговиот клуб да загуби само 1:0 од премиер лигашот беше воодушевен, но и малерозен. 

„Мајка ми го стави дресот во машина за перење бидејќи беше цел во кал, но ми се избриша и автограмот од Карло“. 

Освен од навивачите на Челси, потегот на Азард со Ди Марија беше остро критикуван и од Рој Кин. 

„Што правеше на полувреме на толку важен натпревар? Размислуваше на размена на дресови? Јас не би го направил тоа ниту на крај на натпреварот, а не па на полувреме. Шокантно“, смеа поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед. 

Традицијата стара 85 години со која Французите сакале да ги запаметат изумителите на фудбалот продолжува да биде еден емотивен елемент од оваа игра.

Џон Тери и Лионел Меси на полуфиналето од ЛШ во 2012-та

МИрослав Клосе и Вејн Руни по триумфот на Германија од 4:1 на СП 2010

Робињо и Рафаел по градското дерби во 2008-ма на кое Јунајтед го совлада Сити со 1:0

Луис Суарез и Стивен Џерард на предсезонскиот меч меѓу Барселона и Лос Анџелес Галакси минатото лето

Рој Кин си разменува дрес, а го критикува Азард

11 март 2016 - 13:44