Кавани уште ја пали „Бомбонера“

Големото дерби меѓу Бока Јуниорс и Крузеиро во 1/8 финале на Копа Судамерикана го добија Аргентинците минимално 1-0 со гол на Единсон Кавани во 65’ минута од мечот. Реваншот е следната недела во Бразил. Уругваецот во свој стил со убав гол ја распали култната „Бомбонера“.

Ова е 5-ти гол на Кавани на 6 натпревари во Копа Судамерикана. Сезонава има 17 гола на последните 21 натпревар за Бока.

16 август 2024 - 09:15