Каталонците се сеќаваат кога Пјаниќ го исфрли Реал од ЛШ

Трампата меѓу Барселона и Јуве и официјално е комплетирана, а тоа значи дека Миралем Пјаниќ од следната сезона ќе го носи каталонскиот, а Артур Мело црно белиот дрес. Навивачите на Барселона се насладија од еден гол на нивното засилување постигнат пред 10 години.

Се работи за осминафиналето меѓу Лион и Реал кое го реши токму Пјаниќ. Французите на првиот меч победија 1:0, но на гости губеа со идентичен резултат откако Роналдо стрелаше по само 6 минути игра. Босанецот кој тогаш имаше само 20 години, го прати Кралскиот клуб дома на 15 минути пред крај, а Лион влезе во четвртфинале.

30 јуни 2020 - 09:46