Судискиот комитет на Италија му се извини на Милан за грешките на арбитарот Марко Сера кој ќе биде суспендиран во следните неколку кола.
Според некои италијански медиуми, судијата Сера (39) дури и заплакал после мечот кога увидел каква грешка направил, па Ибрахимовиќ и другарите го тешеле.
Овој пораз на Милан доаѓа пред клучните средби од сезоната, дерби дуелите со Јувентус и градското со Интер.
На останатите два натпревари синоќа Наполи ја совлада Болоња на гости со 0-2. Елиф Елмас играше од почеток и одигра 86 минути кога беше заменет од Петања. Наполи со овој триумф се врати при врвот со 46 бода и сега како трет заостанува два бода зад Милан и 4 зад Интер кој има и меч помалку.
Фиорентина ја понижи Џенова со 6-0! Ни смената и отказот за Шевченко не донесоа промени во екипата која тоне длабоко и која би можела да испадне во втора лига.