Мурињо: „Ниту еден клуб не ме возбудил вака“

62-годишниот легендарен тренер се врати во својата Португалија. Тој во 2000-та година краток период бил тренер на Бенфика кога ги водел на 11 натпревари но кога се сменила управата и дошла нова, и тој добил отказ. Сега после цели 25 години се враќа на „Луж“. „Моето ветување е дека јас ќе живеам за Бенфика, моја животна мисија. Ова е гигант од клуб“, рекол Жозе на претставување.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Договорот му е до 2027-ма. Веќе дебитираше, во португалската лига Примеира го совладаа последнопласираниот АВС со 0-3, а излезе и видео од говорот на Жозе Мурињо во соблекувалната.

После триумфот од 0:3 рекол: „Ниту еден клуб не ме направил вака возбуден. Ова е најдобар предизвик“. Во Примеира Порто е прв со 6 победи на 6 натпревари и 18 бода. Бенфика е втора со меч помалку и 13 бода колку што има и третиот Жил Висенте. Спортинг Лисабон е четврти со 12 бода.

22 септември 2025 - 12:07