Како играчите на АЕК го натераа газдата да даде премија од 500.000 евра

АЕК Атина игра одлична сезона, во грчката Супер лига се брка со градскиот ривал Олимпијакос за титулата, а во Конференциска лига обезбеди пласман во осминафинале откако направи чудесен пресврт на дуелот против романска Универзитатеа Крајова. Гостите од Романија водеа 0-2 а домаќините направија целосен пресврт и со два гола во длабоко судиско продолжение во 90+8' и 90+14' минута славеа 3-2 за три бода.

Педесет и седум годишниот сопственик на АЕК, Мариос Илипопулос после мечот се симнал во соблекувална да слави со играчите. Додека се прскале со шампањ во еуфорија од победата, тој рекол имате 300.000 евра премија, па тие глумеле незадоволни и сумата ја кренале до 500.000 евра вкупно за сите!

Капитенот на екипата, Домагој Вида му рекол:

„Претседателе, 300.000 евра е добро ама Божиќ доаѓа“. И го качиле на маса: „500.000 евра!“ им свикал:

 

 

20 декември 2025 - 15:35