28-годишниот напаѓач на француски Стразбур, Нуно Да Кошта во средата постигнал два убави гола против Реим во Лига 1 и докажа дека ја игра најдобрата сезона во кариерата: 7 гола и 5 асистенции во елитата, што за анонимен играч како него е сосема одличен учинок.
Ако не сте слушнале досега за Нуно Да Кошта, не е ништо страшно: тој ја игра само втората сезона во најдобрата лига, а на професионално ниво почнал да игра фудбал дури во 2015-та. До тогаш трчал по топката во аматерски лиги и полупрофесионални тимови на југот од Франција, по стадиончиња кои собираат по 1.000 луѓе.
Во текот на мечот, од статистиката на Да Кошта бил воодушевен и коментаторот на beIN Sports Даниел Браво кој се изразил погрешно: „Да Кошта има одлична статистика за црнец. И тоа на само 17 меча како стартер“.
Оние кои го следеле преносот биле во шок па го нападнале твитер акаунтот на каналот: „Избркајте го одма Даниел Браво, срамота!“, „Не е лоша статистика за црнец? Што?!“.
BeIN уште во текот на мечот се извинил и се оградил: „Заедно со нашиот коментатор бараме извинување за зборовите кои може да бидат оценети како навреда и се косат со нашите вредности. Ја осудуваме секоја форма на расизам и дискриминација“.
beIN SPORTS rappelle qu’elle lutte contre toutes les discriminations, en particulier le racisme, et promeut la diversité, l’égalité et le respect au travers de l’ensemble de ses retransmissions.
— beIN SPORTS (@beinsports_FR) April 3, 2019
2/2
А целата работа била лоша игра на зборови. После голот на Да Кошта, коментаторот зборувал за статистика и рекол: „Il a des bonnes statistiques. C’est pas mal pour un noir, seulement 17 titularisations“ или во превод: „Тој има многу добра статистика. Ова не е така лошо за црнец со 17 стартни меча.“
На социјалните мрежи брзо се објаснило дека Браво имал погрешен акцент кога кажал нешто што мислел поинаку: „Il a des bonnes statistiques. C’est pas mal, point noir seulement 17 titularisations“.
Point noir во францускиот јазик во основното значење кога се збори за акни (црнки по телото). Но има и преносно значење за: недостиг, несреќа, нејаснотија, зборови кои ги имал на ум Браво. Играта со зборови испаднала тотално опасна и тој ја нарушил својата репутација.
***
Даниел Браво е многу познат поранешен фудбалер. Тој освоил злато на Европското 1984 со Франција, бил втор резервен напаѓач. Во кариерата играл во најдобрите француски клубови: ПСЖ, Лион, Марсеј и Ница, а едно време поминал и во моќната Парма на Карло Анчелоти. Во ПСЖ едно време го ставиле во одбраната и таму заработил репутација на жесток и груб играч.
Даниел одамна работи на телевизија и никогаш претходно не западнал во скандали. Од 2001 година се појавувал како експерт во студио, во 2007 година потпишал договор со Canal+ и станал коментатор, а во 2016 се преселил на BeIN Sports, кој благодарение на емир од Катар и поранешниот претседател на Франција Никола Саркози, ги откупил правата за пренос на многу топ првенства.
BeIN изреагирал брзо и не дозволил скандалот да се разгоди: веднаш после мечот го поканиле Да Кошта во студио и Браво се му објаснил на лице место.
Да Кошта разбрал за што се работи и се фотографирал со Браво. „Он просто направил лапсус, не се вознемирувајте! Тоа од многу работа. BeIN, престанете да пренесувате натпревари среде недела“, напишал Да Кошта на својот Твитер и ја прекинал секоја дискусија за евентуален расистички скандал.
Pas d’inquiétude, un lapsus ça arrive, il travaille trop! @beinsports_FR arrêtez les matchs en milieu de semaine svp 😉 pic.twitter.com/MOITun9t15
— Nuno Da Costa (@Nuno_DC) April 3, 2019