Како еден вулкан ја одредил кариерата на Левандовски

Полјакот ќе биде запаметен како еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот. Роберт Левандовски се изнадава голови во досегашната кариера а сега како капитен на Полска ќе има уште една шанса преку баражот во Лига Нации да се протне до уште едно големо Европско првенство.

Левандовски раскажал како еднаш на времето за малку не станал играч на англиски Блекбурн, трансфер кој и тоа како би можел кариерата да му ја однесе во друг правец.

„Во 2010-та година имав можност да преминам во Блекбурн. Сел Алардајс дури и слета во Полска за да ме гледа и се сретнавме после еден натпревар. Многу пријатен човек е и беше спремен да донесе млад играч во екипата кој би бил нов и свеж фудбалер за клубот.

Кога решив да го напуштам Познањ, имаше многу понуди за кои требаше да се размисли па затоа и јас сакав да видам како изгледа инфраструктурата на Блекбурн.

Мислам дека се ќе беше добро ако отидев во Англија, но тоа не се случи поради густ црн облак над Европа. Во Исланд тогаш избувна вулкан и многу долго време не летаа авиони иако мојата карта веќе беше резервирана.

Летот го преместуваа неколку недели и на крајот не одлетав. Тоа ми го смени животот. Ако отидев во Блекбурн многу е можно дека и таму ќе останев“, раскажал најдобриот полски фудбалер Роберт Левандовски.

Сем Алардајс го напушти Блекбурн уште во декември таа 2010-та година а клубот испадна од Премиер лига само пола година подоцна. Левандовски треба да и биде благодарен на природата што кариерата му ја однела во друг правец.

22 ноември 2023 - 12:44