Како Џерард ја славеше титулата со навивачите на Ренџерс

По една деценија чекање, Глазгов Ренџерс го освои шкотскиот шампионат и стигна до рекордна 55-та првенствена титула. Навивачите беа во делириум, особено кога видоа од каде се појави Стиви.

Европа го доби првиот шампион сезонава, а тоа е Глазгов Ренџерс кој со триумфот над Сент Мирен од 3:0 на шест кола до крајот на сезоната ја освои титулата во Шкотска.

Најтрофејниот шкотски клуб ја прекина доминацијата на најголемиот ривал Селтик кој не го даваше тронот 9 сезони по ред и стигна до 51 титула.

Навивачите немаа можност да слават во живо на стадион, ама најдоа начин, а Џерард им се појави на прозор по што настана делириум.

Каква корона какви бакрачи, цел град е на нозе.

6 март 2021 - 19:56