Декември месец е многу различен за Лестер и Челси во последниве две години. Мурињо ќе сака да го заборави овој декември, а Раниери ќе има многу мотиви да остане што погоре на табелата. Во неговиот договор стои дека ќе добие по 100.000 фунти за секоја освоена позиција над 18. место. Доколку Лестер ја освои Премиер лигата италијанскиот стратег ќе заработи 1,7 милиони фунти.