Џорџи Минунгу е јунак на првото коло на Купот на Африкански нации, најголемиот настан во Африка, пандан на Европско првенство.
Крилниот напаѓач и лево крило Минунгу беше главен во триумфот на неговата Буркина Фасо над Екваторијална Гвинеја од 2:1 во 1. коло од групата Е. Буркина Фасо губела 0-1 со гол примен во 85' минута со играч повеќе. Но во 90+5' минута од судиско продолжение Минунгу израмнил на 1-1 а Едмонд Тапсоба ги поставил конечните 2-1 во 90+7'.
Тој има животна драма за филм.

Во 2022-ра година од втора лига на Чешка каде често доаѓаат африкански фудбалери во обидот да останат во Европа, се преселил во резервниот, вториот тим на Сиетл Саундерс во САД. После неколку месеци тој се изборил за место во првиот тим и отпатувал дури и на подготовки во шпанска Марбеља. Но тој пат му станал прав кошмар.
Поради инфекција, левото око нагло почнало да му отекува а состојбата набрзо станала драматична. И покрај итната операција, лекарите не успеале да му го спасат окото зошто живците во него во целост изумреле.

Докторите му рекле дека веќе нема да може да игра професионален фудбал после што тој решил да не се откажува. Го замолил клубот да го остави да работи, да тренира и да му даде втора шанса.
„Ако бидам добар ќе продолжам. Ако не, прекинувам“, рекол Минунгу.
За некое чудо играл можеби и подобро од претходно.
„Тренирав посилно од кога и да е. Не можев веќе да гледам се, секоја ситуација, но можев да ја почуствувам играта и да читам ситуации. Неверојатно е што мозокот може да стори. Понекогаш воопшто не гледам одбранбен фудбалер, го чувствувам и реагирам инстиктивно“, рекол 23-годишниот фудбалер.
Тој играше одлично и на Светското клупско првенство изминатово лето.
Сега беше стрелец на многу важен гол за својата Буркина Фазо во победата над Екваторијална Гвинеја.
Документарката за него: