Мајкл Карик го сочува истиот состав кој пред неколку дена направи големо изненадување и го совлада градскиот ривал Сити. Некогашниот фудбалер на Јунајтед стави акцент на одбраната во низок и среден блок и го спушти Арсенал на мал број сериозни шанси.
Новата формација 4-2-3-1 идеално им лежи на крилата Амад Диало и Патрик Доргу кои помагаат и во одбрана и одат во контранапади.
Клучен играч во екипата сега е Лисандро Мартинез кој командува со одбраната а Бруно Фернандеш конечно се врати на својата позиција „десетка“.
Токму вториот и третиот гол на Јунајтед беа резултат на точни додавања меѓу линиите со учество на Доргу и Матеуш Куња. Ваквата игра на Манчестер го принуди Арсенал да го доживее првиот пораз после свое водство сезонава.
Волшебниот старт на Мајкл Карик продолжува. Општа црта на првите три натпревари на Карик е одличната игра без топка. Акцентот на одбрана им е клучна платформа на успехот.