Екипата на Гај Маче од хрватското Загорје во претколото во Купот на Хрватска ја понижи Лика Кореница со конечни 20:2 (полувреме 10:2). Се работи тим од третата хрватска лига против аматери, чисто да ви стане малку појасно зошто ги уништиле до толку.
Двајца играчи најмногу се истакнале. Бруно Рихтар со 6 и Мартин Шабан со 5 погодоци. И да, се работи за рекорд во хрватскиот фудбал каде претходно највисок триумф бил меч од 1993/1994 кој завршил 14:0.
Хрватските медиуми на големо пишуваат за овој историски меч, кој сигурно немаше да привлече толку внимание ако беше во некоја аматерска конкуренција.
Покрај резултатот, се прослави и претседателот на победничкиот тим, Драгутин Шчапец кој позираше во тренерки и дрес, ама не од Маче, туку од Челси. Частел кого стигне за рекордот.
„Ние сме најгледан клуб во лигата. Во просек на стадион не следат по 400 навивачи, во просек тоа значи секој петти жител. По овој триумф сите биртии беа полни“, вели Шчапец.
Гај Маче во осминафинале има сериозен противник, а тоа е прволигашот Локомотива Загреб за која тој вели:
„Тие треба да се плашат од нас по овој резултат, а не ние од нив“.
Неколку ставки го прават ова видео совршено:
- Во цел хајлајтс не се гледа играч во син дрес што трча.
- Тренерот на Лика по меч кој го загуби со 18 разлика вели дека резултатот не е мерило.
- Одмерена сатира на коментаторот и сликовит опис на ситуациите.
- Пијан спикер и дувачки оркестар после головите (Да, и тоа има на последните голови).
- Голманот на Лика има рефлекс на мртва мачка.
- И тој и играчите мора под итно да престанат да се занимаваат со фудбал.