Со синоќешниот гостински триумф над Ерменија од 1:3, Италијанците стигнаа до најдобрата серија некогаш остварена на европските квалификациите со дури 35 натпревари без пораз.
Имаат скор од 29 победи и 6 нерешени, а замислете последниот пораз во овие квалификациски циклуси го претрпел на 6 септември 2006-та година или неполни два месеци откако го освоија Мундијалот во Германија.
Поразот им го нанесе Франција предводена од Анри, Турам, Макелеле, Виера и останатата добро позната стара француска банда.
Италија од тоа време до сега целосно го промени ростерот на тимот, но и со смената на генерации и стручни штабови, традицијата во ЕП квалификациите ја држат цврсто.
Нивната доминација може да се забележи и низ ефикасноста во изминативе четири квалификациски циклуси во кои постигнаа 74, а примија 20 голови. На квалификациите за ЕП 2012 примиле само 2 гола на 10 средби.
Последниот квалификациски пораз за ЕП на Италија на кој стрелци се Гову, Анри и Џилардино.