Интер е полуфиналист, Лукаку и Барела го решија Баер за шест минути

Фудбалерите на Интер се први полуфиналисти во Лига Европа откако со 2:1 го совладаа Баер Леверкузен во топ 8 фазата која се игра на неутрален терен во Германија без реванш. Лукаку стана прв играч со гол на девет меча по ред.

ИНТЕР - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 2:1

1:0, Барела - 15`

2:0, Лукаку 21`

2:1, Хавертс 25`

Во полуфинале Интер ќе игра со подобриот од утрешното четвртфинале меѓу Шахтјор и Базел.

 

10 август 2020 - 23:06