Најпрестижниот и најтиражен весник во Италија, посвети посебна истражувачка статија за Елиф Елмас во која му даваат големо значење, но и го заложуваат со голема одговорност. После волку големо внимание и пофалби, пуленот на Мрме треба многу да се докажува во силната Серија А. Само храбро дете.
Одморот го мина на Миконос со најблиските пријатели и од таму почна еволуцијата на преговорите која го донесе во Наполи. Елиф Елмас има сè уште поглед на тинејџер и речиси не ги покажува своите 19 години. Но на терен се претвора во ѕвер.
Освен тоа, ако играш на тврдината на Фенербахче Шукру Сарачоглу или брзо растеш или не можеш да играш. Елмас брзо растеше.
Агентот Георге Гарди од галаксијата на Рамадани дејствуваше како посредник во трансферот. Во турскиот клуб одат 16 милиони евра плус 2,5 милиони бонус кој ќе биде исплатен ако одигра 20 сезонски натпревари и Наполи го освои Скудетото. Ако се случи ова второво, Наполи со радост ќе ги плати.
По лекарските прегледи, Елмас потпиша петгодишен договор кој стартува од 1,3 милиони евра во првата сезона па се до 1,7 милиони во сезоната 2023/2024.
Македонецот го скаутираа повеќе топ клубови. Во мај месец, Бепе Марота му се јавил на стариот познаник Горан Пандев за да го испита теренот, но Интер тргна по италијански перспективи како Барела и Сенси и тогаш Наполи тргна напред.
Забрзувањето на трансферот го дал Карло Анчелоти на кој играчот многу му се допаѓа и гледа потенцијал како оној на Шпанецот Фабиан Руиз. И самиот Елмас, кој бил под повеќе можни искушенија, бил убеден дека треба да го одбере Наполи, токму поради присуството на гаранција како Анчелоти.
За подобро да ги разбереме неговите карактеристики доволно е да го чуеме најпознатиот Македонец во Италија, Горан Пандев.
„Технички спремен играч и голема личност. Најдобрите квалитети на Елмас се прегледот на играта, како и прегледот на голот. Кога има прилика нема страв да шутне во гол.“
Во досегашната куса кариера, Елмас кој во септември ќе наполни 20 години, се истакна со својата способност да менува повеќе улоги на терен. Роден е како треквартиста, бидејќи има одлична основна техника, но способен е да се оддалечи и како крило или во среден ред формиран од двајца.
Има одличен прием, контрола на топка со главата нагоре, а способен е и за долги топки и промени во играта. Ги има сите карактеристики ценети од Анчелоти, кој преферира играчи од среден ред кадарни за сè. После Зјелински и Фабиан Руиз, планира да формира трио кое ќе може да ротира во средина, напредувајќи во напад.
Карло и неговиот стручен штаб ќе треба да му помогнат да зрее тактички и да игра со не повеќе од два допира со топката, бидејќи Елмас е малку повеќе заљубен во топката.
Еуфоријата кога пристигна во тренинг кампот на Наполи.