Американската МЛС се игра веќе активно во новата сезона. После 17 кола Монреал е прв со 29 бода пред Њујорк Ред Булс кој има исто бодови но послаба гол разлика и меч повеќе. Остин освои важни 3 бода на гости кај Шарлот и е втор во Западната конференција. Победата им ја донесе младиот Даниел Переира (21) од Венецуела со прекрасен погодок.