Во рамки од Лига Нации, Англија со 2:0 ја совлада Финска која пружи голем отпор на „Вембли“. Стрелец на двата гола за Англичаните беше капитенот Хари Кејн прво во 57' минута па во 76-та минута:
Негови 68 погодоци за „Гордиот албион“.
„Кога бев на позајмица во тимови како Милвол, Норич и Лестер не ни помислував дека еден ден би можел да го одиграм мојот 100. натпревар за репрезентацијата. Секогаш имав доволно самодоверба и со текот на годините во Спарс научив многу од тренерот Покетино“, изјавил Кејн на прес-конференцијата по мечот со Финска.
Кејн играше 80 минути а после беше заменет од шпицот Џаред Боувен.
Хари го одигра својот 100. настап за Англија а доби и неколку признанија и подароци од фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Кејн пред мечот добил златни копачки како асоцијација на златниот јубилеј 100 натпревари за Англија.
Кејн добил и традиционална англиска шапка, исто златна во знак на јубилејот. Му ја подарил Франк Лампард кој претходно забележа 106 настапи за Англија. На стадионот било присутно и најблиското семејство на Хари.
Само девет фудбалери досега во историјата забележале повеќе од 100 натпревари за репрезентацијата на Англија. Рекордот и натаму го држи Питер Шилтон со 125 настапи, а најблизок конкурент на Кејн му е Били Рајт со 105 настапи. Кејн е воедно и најдобар стрелец во историјата на Англија со 68 гола за репрезнетација. Тој е трет во историјата кој постигнал гол на својот јубилеен 100. натпревар после Боби Чарлтон и Вејн Руни.
Кејн во својата кариера нема освоено ниту еден голем трофеј иако важи за еден од најдобрите светски напаѓачи во современата историја. Тој загуби две финалиња на Европски првенства, прво на својот „Вембли“ среде Лондон 2021-ва од Италија а после летово 2024-та од Шпанија на Европско во Германија.