Голот на Меси со различни коментатори ширум светот

Кога беше најтешко - кој друг ако не тој: кралот Лионел. Ја влечеше својата репрезентација против тврдиот бедем на Мексико и во 64' минута го скрши мразот. Постигна прекрасен гол од далечина. Тој гол им тргна огромен товар на „гаучосите“ кои сега многу полесно дишат пред последното коло и дуелот со Полска.

Очекувано, најемотивен беше аргентинскиот коментатор од direCTV Sports

Италијанскиот тандем коментатори исто урлаше во еден глас: „Лео Меси, Лео Меси!“

Французите исто го славеа голот на најдобриот играч на сите времиња според многумина:

Арапски коментатор на Bein

И „студените“ Исланѓани не останаа рамнодушни на прекрасниот погодок на Лео:

Меси и Фернандез со мајсторски голови го истурија бесот против Мексико

27 ноември 2022 - 10:28