Голмански УФЦ старт, центарфорот изваден од игра

Кристал Палас со 3-1 го совлада Милвол во ФА Купот и се пласираше во следната рунда. Овој натпревар го одбележа страшен старт на голманот на Милвол Лиам Робертс кој со копачка во глава го нокаутираше центарфорот на Палас Жан-Филип Матета. Овој прекршок се случи во 6-та минута а Матета веднаш бил пренесен во болница и хоспитализиран а од клубот соопштија дека на увото го шиеле со 25 конци. Робертс доби директен црвен картон.

Матета после неколку часа од болница на својот Инстаграм профил напишал дека е добар и им се заблагодарил на навивачите за пораките за побрзо оздравување.

 

2 март 2025 - 08:38