Израелецот Идан Барух го одигра само вториот натпревар и веројатно последен за романскиот тим Конкордија. Тој бранеше во првото полувреме на гостувањето кај Васлуи и прими три гола, по што веднаш беше заменет.
По натпреварот романските новинари се шегуваа на сметка на Барух и заклучија дека ова е првиот хет-трик постигнат од голман.