Големи ѕвезди кои веројатно ќе го играат последното Светско

Секоја година во пензија заминува некоја од фудбалските ѕвезди. Светско првенство е веројатно најдобриот момент да се простиш со репрезентацијата.

Меси (31) и Роналдо (33)

Сосема е возможно за четири години овие двајца надчовека да не играат веќе за своите репрезентации. Иако Меси еднаш крена раце од репрезентацијата после тешкиот пораз во финалето на Копа Америка, па народот успеа да го врати, речиси е извесно дека Светското во Русија летово ќе му биде последно меѓународно натпреварување во дресот на Аргентина.

Исто и со Кристијано Роналдо. Португалецот постигна стотици голови во еврокуповите, освои Европско првенство, освои 5 Златни топки и најверојатно ќе се прости од репрезентацијата по Мундијалот.

И двајцата ќе пробаат да стигнат до највредниот трофеј во светот на спортот - златниот пехар на Светско.

Луис Суарез (31) и Единсон Кавани (31)

Уругвајскиот напад којшто ги покори сите останати офанзиви во зоната КОНМЕБОЛ веќе е пред крајот на своите настапи во омилениот дрес. Суарез и Кавани скоро ќе влезат во 32 година, тие се мегаѕвезди и имаат уште да му пружат на Уругвај но после овој Мундијал тешко дека ќе играат на следниот кога веќе ќе бидат во позни фудбалски години.

Несомнено двајцата ќе даваат голови и на претстојното Светско, иако од позадина сериозно се наметнува шпицот на Селта Виго, Уругваецот Макси Гомез кој се изнадава голови во шпанската Ла Лига. Гомез има само 21 година и сигурно ќе замени некој од неверојатниот тандем без кој фудбалот ќе биде посиромашен.

Радамел Фалкао (32)

Неверојатниот Колумбиец можеше да има далеку поинаква кариера ако ги избегнеше двете сериозни и тешки повреди на лигаментите од колената. Фалкао во еден момент важеше за најдобар светски центарфор.

За жал една тешка повреда го примора да паузира на неколку недели пред Светското 2014 (се сеќавате дека таму се прослави Хамес Родригез), па соиграчите кои играа заедно во Порто, Монако и репрезентацијата сега конечно ќе заиграат заедно и на едно Светско.

Мундијалот ќе биде последно големо натпреварување во кариерата на El Tigre за репрезентацијата.

Тим Кејхил (38)

Да, уште игра. Годинава после цели 20 години се врати во Милвол каде ја почна својата кариера на Британскиот остров. Во Чемпионшип легендата на Евертон не дава толку често голови како за „Карамелите“ но прави се за во добра форма да го дочека Светското - негово четврто по ред!

Кејхил даде преку 50 гола на повеќе од 100 меча за Австралија и интересно тој е првиот стрелец за „Кенгурите“ на едно Светско. Тим даваше голови и во 2010-та и во 2014-та а минатата есен неговите два гола против Сирија во баражот беа решавачки за пласман на Мундијалот 2018. 

Андрес Иниеста (34) и Давид Силва (32)

Шпанците во шега за Иниеста викаат дека тој ќе биде корисен на теренот дури и за 1.000 години кога ќе биде мумифициран а современите фудбалери ќе бараат помош од него.

Златниот гол за Шпанија во Јужна Африка и титулата најдобар играч на Европското 2012 потврдија дека Иниеста е еден од најдобрите фудбалери кои Шпанија ги имала.

Неговиот прекар е илузионист и на 34 години во Русија селекторот Лопетеги ќе очекува од него некоја магија пред да ја заврши кариерата во „Фуријата“:

Давид Силва има 32 години и е двократен шампион на Европа и светски шампион. И двајцата веројатно ќе се простат од репрезентацијата после Светското а во Катар боите на Шпанија ќе ги бранат некои нови клинци.

Хавиер Маскерано

Аргентинецот во земјата го викаат “сребрениот Хави“ зошто во последно време се завршува втор. Маскерано е четирикратен финалист и исто толку пати поразен во Копа Америка. Злато со „Албиселесте“ освои на Олимпијада.

Но и покрај тоа Хорхе Сампаоли го цени ветеранот и му советувал да оди во Кина каде Маскерано потпиша договор за да биде во добра кондиција: во Барселона се игра тики-така па он многу немаше контакт со топката.

На Маскерано му фалат уште пар натпревари да го престигне вечниот Хавиер Занети по бројот на настапи за репрезентацијата. Интересно, Хавиер има три пати повеќе голови за Аргентина отколку на 130 настапи за Ливерпул и три пати повеќе отколку на 360 настапи за Барселона.

Лука Модриќ (32)

Хрватот беше еден од првите фудбалери од средниот ред кои конкурирале за “Златна топка“ заедно со Чави и Иниеста.

Модриќ има 32 години, на следното Светско ќе има скоро 37 години и тешко дека ќе успее да го повтори најголемиот успех на „Коцкестите“ од времето на Шукер и Бобан. Модриќ е затоа трократен освојувач на Лигата на шампионите и во Русија доаѓа како капитен на Хрватска.

Тиаго Силва (33) и Дан Алвеш (35)

Малку е познато дека стоперот Тиаго Силва во Русија пред неколку години му пронашле болест па тренерот на Динамо Мосвка Јуриј Василков го спасил од смрт со тоа што ја алармирал управата и Бразилецот го оперирале навремено. Поради тоа Силва не одиграл ниту еден меч во Москва каде сега доаѓа на голема врата како еден од лидерите на Бразил кој го сака златото.

Од друга страна, Дани Алвеш минатиот викенд стана убедливо најтрофејниот фудбалер на сите времиња со освоени 36 пехари во различни натпреварувања, па во Русија ќе дојде во обид да го освои оној највредниот кој го креваше неговиот претходник Кафу. Приказната за фудбалскиот пат на Даниел Алвеш тука.

Венсан Компани (32)

Ако почнете да гуглате Венсан Компани ќе ви излезат информации за неговите повреди. Белгиецот важи за еден од најголемите интелектуалци и најшколуван меѓу фудбалерите. Има 32 години, капитен е на Манчестер Сити и Светското во Русија летово ќе биде сигурно последен голем турнир во неговата кариера.

Покрај нив, последен Мундијал најверојатно ќе играат и: Бане Ивановиќ (34), Ведран Чорлука (32), Гонзало Игуаин (30), Џејми Варди (31), Џеферсон Фарфан (33), Нани (31), Стефан Лихштајнер (34), Александар Коларов (32), Златан Ибрахимовиќ (?!).