Големата уста на Наполи

Познатиот италијански филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис во 2004-та година го купи сегашниот клуб на Горан Пандев и успеа од банкротиран клуб во третата лига да го одведе Наполи до Лигата на шампиони. Но арогантниот филмаџија освен со своите успеси, се прослави и со контроверзни изјави.

Еве само еден мал дел од славните изјави на Аурелио Де Лаурентис:

„Нема да те тепам затоа што си старец"
Откако Наполи одигра 2:2 на домашен терен со Лацио, газдата му се нафрли на тогашниот тренер Еди Реја во соблекувалната.

„Нема да те тепам затоа што си стар, но ќе те отпуштам", рекол Де Лаурентис.

„Ако си спортист тогаш не ти требаат проститутки"
Односите помеѓу Наполи и Лавеци се нарушија во 2009-та година кога тој посака да го напушти клубот, а Де Лаурентис му одговори во негов стил.

"Ако си спортист тогаш немој да се дружиш до проститутки и да пиеш навечер. Јас не можам ништо да превземам ако некој сака да пие до 4 часот наутро и потоа да користи услуги од проститутки."

„Англичаните живеат лошо, се хранат лошо и жените не се тушираат"

Како ги убедиш своите ѕвезди Хамшик и Лавеци дека не треба да одат во Англија откако ќе дознаеш дека неколку клубови од оваа земја се заинтересирани за нивните услуги? Едноставно, навреди ги Англичаните.

„Ако сакаат да одат во Англија, тогаш нека одат, но нека си знаат дека Англичаните имаат лоши животни навики, се хранат лошо, а нивните жени не си ги мијат гениталиите. Тие не знаат што е биде."

„Донадони рече дека ни требал играч. Зошто тој не го купи?"
Во 2009-та година тогашниот тренер Роберто Донадони преку медиумите побара раководството на Наполи да купи играч од средниот ред. Веднаш стигна одговорот од Де Лаурентис.

„Донадони вели дека ни треба играч од среден ред? Зошто тој сам не си го купи?"

Донадони издржа уште пет месеци на клупата на Наполи.

„Лига Европа? Тоа е ср*ње од натпреварување!"
Наполи го победи Елфсборг на домашен терен и имаше шанса да се пласира во групната фаза од Лига Европа, но Де Лаурентис не беше импресиониран.

„Лига Европа? Тоа натпреварување е ср*ње и воопшто нема вредност благодарение на Блатер и Платини."

„Ќе му ги исечам јајцата на Мацони"
Откако се појавија гласини дека Лавеци ќе го напушти Наполи, Де Лаурентис прати порака до неговиот агент Мацони.

„Ако Мацони почне да прави глупости, тогаш ќе му ги исечам јајцата."

„Меси е кретен"
Де Лаурентис ја критикуваше одлуката на Меси да настапи на Копа Америка.

„Меси е кретен што прифатил да оди таму. Ако јас бев на негово место немаше да прифатам да одам и да се докажувам пред некои идиоти кои не знаат да играат со него."

„Ќе го напуштам фудбалот. Сите сте го*на."
Де Лаурентис тврдеше дека федерацијата наместила тежок распоред за Наполи во периодот кога неговиот клуб имаше натпревари од Лигата на шампиони.

„Ќе го напуштам фудбалот. Вие сте го*на. Ќе се вратам на правењето филмови. Ова е срамота. Се е наместено и се срамам што сум Италијанец", изјави Аурелио Де Лаурентис во канцелариите на федерацијата.

4 јуни 2012 - 22:16