Фреди Аду - култното име за сите љубители на Фудбал Менаџер и маркетологијата. Ниту еден американски ученик-спортист не привлекол толкаво внимание и слава: На 14 години Фреди стана прв пик на драфтот во американската MLS, дебитираше во лигата за гигантот ДиСи Јунајтед и даде гол (вкупно 24 на 87 меча за екипата). Замислете дете од 14-15 години.
Во тоа време Аду го споредуваа со Пеле, се појавуваше во реклами, стана мега-ѕвезда на виртуелната FIFA 2005 но и желба на топ-клубовите во реалниот живот.

Кариерата му се развиваше мошне чудно па освен за гигантите Бенфика и Монако, тој во својата страница на Википедија ги допиша уште и: Белененсеш, грчки Арис, Ризеспор, Баија од Бразил, Јагодина од Србија, финскиот КуПС...
Последен клуб каде што играше Фреди Аду беше Тампа Беј Роудис во американската NASL.

Кога замина од таму во летото 2016, Аду проба да ја оживее кариерата во Портланд пред новата сезона од MLS, но не заработи договор. Фактички никому не му бил потребен.
Не бил потребен се до една апсурдна августовска историја кога отишол на проба во полска Сандецја. Управата на на полскиот клуб наводно планирала да потпише потрошен играч но познато име и заборавила да го предупреди тренерот на клубот.
„Ова е некоја зафрканција. Прочитав во медиумите за неговата проба. Која е сврхата да имате таков играч во тимот? Во тој случај можеме да земеме и некој полски фристајлер“, рекол генералниот директор на маркетинг на полскиот суперлигаш Сандецја и негирал дека Аду ќе остане со тимот.
Сега Аду има 28 години. Каде е?
Вие нема да поверувате дека Фреди на крајот од октомври даде гол на фудбалски меч.
Team Black score two quick ones to retake the lead, 5-3! #LastCallatRFK | #DCU pic.twitter.com/P9DUFtzAdN
— D.C. United (@dcunited) October 22, 2017
И натаму е многу популарен меѓу навивачите преку Океанот.
Freddy Adu signing autographs at RFK Stadium #dcu #mls pic.twitter.com/Sd3dDy5bSU
— Steven Goff (@SoccerInsider) October 21, 2017
За жал мечот на кој Аду дал гол бил неофицијален. Некогашниот вундекинд на светскиот фудбал играл на церемонијален натпревар за ДиСи Јунајтед - клубот се простувал од стадионот „Роберт Ф. Кенеди“ (познат како RFK стадион). ДиСи Јунајтед ќе се пресели на нова арена и заминува од стадионот на кој играше 22 сезони и освои 13 трофеи.
Заедно со Аду (28 години) играле уште и Христо Стоичков (51 година) и Ново-Зеланѓанецот Рајан Нелсен (екс Блекбурн и КПР, 40 години).

Аду во моментов е без клуб. За него неодамна пишувале текст и во The Washiington Post каде што се зборувало тажно за пропуштените можности.
Фреди не спори и самиот го признава очигледното: Многу млад како дете влегол во професионалниот спорт, не успеал да се справи со ѕвездената слава и елементарно недоволно тренирал и вежбал. Секогаш избирал неправилни решенија. „Кога луѓето те знаат тоа е и добро и лошо. Кога ти играш одлично ти купуваш пофалби. Кога не играш воопшто, тогаш си уништен“, вели Фреди.

„Има многу работи кои можев поинаку да ги направам и на кои мислеам. Бев млад. Бев наивен. Кога ќе остареш, те удира реалноста и си викаш: ’Човече, како можеше една година да поминеш без фудбал?’ Јас никогаш не сум можел да го замислам тоа. Мора да сменам многу нешта. Имав година дена да размислам за се“, искрено признава некогаш најголемиот светски талент.
Фреди денес регуларно работи со поранешниот фитнес тренер во Ди-Си Јунајтед и се надева дека до зима ќе се спреми за нов ангажман:
„Просто мечтаам поскоро да се вратам на терен. Сега немам таква енергија како што имав како млад, но сакам да добијам шанса и да ја искористам“, заклучува Аду.