Фудбалерите на Палермо од 62-ра до 75-та минута три пати го треснаа Бари на гости и со оваа победа одново се враќаат на лидерската позиција на табелата. Во отсуство на лидерот Илија Несторовски кој е повреден, меѓу стрелците се враќа Александар Трајковски кој со одличен волеј ги матираше домаќините. Втор гол сезоната за македонскиот репрезентативец.