Поради парни жолти картони Рамос немаше право да игра синоќа на реваншот од четвртфиналето во Лига на шампиони, па мечот го следеше со шешир на глава од свечената ложа.
Во еден момент пред крајот од мечот Рамос се симнал долу во тунелот и од таму го гледал финишот поради што може одново да биде дисквалификуван за настап во полуфиналето.
Според правилата на УЕФА, суспендираниот играч нема право да биде во подтрибинскиот простор ниту близу теренот.
За потсетување, Чаби Алонсо во 2014-та година беше казнет за исто дело. Рамос синоќа изјавил дека тој се спуштил во подтрибинскиот простор поради тоа тензичната и нервозна завршница. Никој не го спречил ниту предупредил дека не смее да седи тука.
„Кралскиот клуб“ веднаш по сознанието дека делегатот го пишал ова дело на Рамос, упатил жалба и чека на одлуката на УЕФА. Како стојат работите тешко дека Зидан ќе го има на располагање на првиот меч од полуфиналето (ждрепката е во петок а можни противници им се Ливерпул/Рома/Баерн Минхен).
Еве што вика ставка 3 од членот 27 од правилникот за натпреварување на УЕФА: