Целата проблематика започна на Светското во Русија 2018 каде Шаќири даде победнички гол за Швајцарија во финишот против Србија а за прослава на голот одбра со рацете да направи двоглав орел што ги разгневи српските навивачи.
Откако на ждрепката за Лига на шампиони се испостави дека во иста група ќе играат Црвена звезда и Ливерпул, англиските и српските таблоиди секојдневно пишуваа за ризикот Шаќири да се сретне со навивачите на белградскиот клуб.
Во минатото, 3. коло од Лига на шампиони Ливерпул ја победи Црвена звезда, Шаќири беше еден од подобрите играчи на „Енфилд“ и сè мина во најдобар ред, ако не се земат предвид дофрлањата од пар поединци навивачи на Звезда од трибините, и новинарот на српски Курир кој на српски му постави прашање на Ѓердан на што овој одби да одговори.
Сега, на неколку часа пред патот на Ливерпул на реванш во Белград, тренерот Јирген Клоп заедно со помошниците одлучил дека е подобро Шаќири да остане дома за да се избегнат проблеми и нереди на стадионот „Рајко Митиќ“ каде се игра мечот во вторник од 19 часот.
„Одиме во фантастичен град каков што е Белград како фудбалски тим за да играме фудбал. Слушнавме и прочитавме многу шпекулации и муабети за тоа каков пречек би можел да има Шак, па поради тоа што немаме идеја што може да истекне, сакаме да одиме таму и 100% да бидеме посветени на фудбал и да не мислиме на ништо друго“, вели Клоп во изјава за клупскиот сајт на Ливерпул и додава:
„Ние сме Ливерпул, голем клуб, фудбалски тим кој не сака да праќа поинаква порака од таа. Немаме политичка порака, апсолутно не. Сакаме да се фокусираме на убавата фудбалска игра, ослободени од што било.
Имаме почит и сакаме да избегнеме какви било проблеми кои може да ни го одземат фокусот во 90 минути фудбал. Од таа причина, Шак (Шакири) не е инволвиран за овој меч. Тој прифати и го разбра тоа. Шакири е наш играч, го сакаме и тој ќе игра уште многу пати за нас, само не во вторник.
Сум слушнал многу убави работи за Белград и за земјата Србија во целост, од пријатели и колеги кои биле таму порано, така што едвај чека да го водам Ливерпул таму во Лигата на шампионите.“