Генијалниот гол на Модриќ на јубилејниот 180. натпревар за Хрватска

Лука Модриќ на свои 39 години игра како во раната младост. Во хрватската репрезентација и натаму е капитен, лидер и стандарден првотимец. За време на тешкиот дуел против Полска во Лига Нации, вечер пред неговиот 39-ти роденден, на Хрватите им донесе огромни 3 бода со прекрасен гол од слободен удар. Овој натпревар му беше јубилеен 181. во коцкестиот дрес.

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација со прекрасен гол го прослави својот 39-ти роденден. Во 52' минута го совлада искусниот полски голман Скорупски и уште еднаш покажа дека што е постар толку подобро игра.

Модриќ после мечот одговарал на новинарски прашања за голот и за евентуален крај на кариерата наскоро:

„Горд сум и среќен што дојдов до таа бројка (180 настапи за Хрватска). Не можев ни да сонувам дека толку долго ќе играм. Првиот настап беше сон, а ова сега... Среќен сум што сум и натаму тука да и помогнам на екипата да дојде до нови победи.

Моравме да победиме поради самодоверба. Четири натпревари бевме без победа и ова беше многу важно. Мораме да бидеме задоволни. Среќен сум што после долго време постигнав гол од слободен удар. Дадов и против Словачка, но тогаш имав многу среќа, со помош на противнички играч. Секако дека сум среќен поради голот но уште повеќе за победата“, вели Модриќ кому ова му беше 181 настап и 28-ми гол за Хрватска.

10 септември 2024 - 11:28