Фудбалер во Франција добил 4 црвени картони на 7 меча и посебна суспензија

Џовани Хаг има 21 година. Игра во средниот ред на францускиот второлигаш Нанси а веќе за него надалеку се слуша од еден рекорд за во Гинисова книга.

По 12 одиграни кола во француската втора лига (Ligue2), Нанси е последен со 8 бода (имаат 6 порази).

И тоа ништо не е чудно, ако француските медиуми не објавеа дека еден фудбалер на Нанси на последните пет одиграни меча не добил три црвени картони.

Во првото коло од втората лига, Нанси гостувал кај Пау. Јунакот на статијава, во 14’ минута добил жолт картон, во 40-та минута втор жолт и автоматски црвен. Паузирал еден меч, па се вратил за 3. коло.

Во 4. коло на дуелот Нанси -Валенсиен, Џовани Хаг кој сезонава повеќе игра како стопер, добил жолт картон во 11’ минута, а во 68-ма втора опомена и автоматски црвен и предвреме на туширање.

Пак еднаш го немало, еднаш играл, за да во 7. коло добие директен црвен картон во 34’ минута на гостувањето кај Дункерк.

Рекордот во францускиот фудбал го поставил на 16 декември кога Нанси го пречекал Генгам. Џовани Хаг по еден остар старт од судијата добил црвен картон во 75’ минута и тоа било негово четврто исклучување на седум меча. Има додуше и еден гол братот.

Судиската комисија при Француската фудбалска федерација одлучила да го суспендира на трите наредни меча така што Џовани Хаг ќе пропушти вкупно 7 од првите 15 меча во Лига 2. Незапамтен рекорд во европски рамки!

За споредба:

Во сезона 2020/2021 одиграл 33 меча (2.306 минути), направил 60 фаули, добил 6 жолти картони и 0 црвени

Во сезона 2021/2022 одиграл 7 меча (486 минути), направил 13 фаули, добил 2 жолти карони и 4 црвени

Ако се знае дека неговите славни претходници (Каузак, Џемали, Лавил во Лига 1 и Бакари Коне, Либои и Ѕие Диабае во Лига 2) добиле вкупно 4 црвени во цела сезона, Џовани Хаг станува единствениот играч во сите пет француски фудбалски лиги и аматерските D1 и D2 заедно кој имал најмногу исклучувања на најмал број средби.

„Џовани е природно агресивен. Да се добие четири црвени картони за така кратко време е подвиг без преседан. Во саботата, задоцни, па мораше да го стигне играчот ама без да направи фаул. Тоа ви е како да фрлиш паричка, ама да не падне на една страна. Му реков да биде внимателен, дека истиот судија го исклучи во Пау. Он го знае тоа, мора да биде посмирен и пред се попозитивен“, вели тренерот на Нанси, легендарниот Беноа Педрети кој беше капитен на Сошо и самиот важеше за груб играч. 

Антонио, братот на Џовани Хаг вели:

„Луѓето мислат дека брат ми е месар“.

Секоја сезона Џовани ја почнувал со репутација на лош дечко што се потврдува со статистиката: во 50 професионални меча досега, овој стопер дал четири гола, добил пет жолти и четири црвени картони. 

Но брат му открива дека имале тешко детство.

„Заедно почнавме со фудбал во Сент Аволд. Тој на 10 јас на 9 години. Порано беше импулсивна личност, ама учеше на своите грешки и напредуваше во кариерата“.

Во исто време морале да се носат со смртта на мајка им кога Џовани имал само 15 години. „Мислев дека тоа никогаш нема да го преболам. Бев шест месеци во Нанси и не бев со глава во фудбалот. Но Нанси секогаш ме поддржа и многу ми помогна. Знам што му должан на клубот“, вели бројот 5 на Нанси.

Но од своето деби во ноември 2018-та тој често ја доведува екипата во тешкотии. Во моментов Нанси го држи фенерот во втора лига и најголем дел од поразите се кога останувале со играч помалку.

22 октомври 2021 - 13:22