Познати се полуфиналистите во Лигата на Европа. По вечерашните дуели, уште еден чекор од финалето ќе ги дели Наполи, Днипро, Севиља и Фиорентина. Шпанците водеа 0-1, па губеа 2-1 од Зенит, за да на крајот израмнат во финишот и обезбедат пласман во следната рунда.