Епската реакција на Сабеља, кога Игуаин промаши зицер

На 66 годишна возраст поради проблеми со здравјето, синоќа почина поранешниот аргентински селектор Алехандро Сабеља. Ги водеше Гаучосите во периодот од 2011-та до 2014-та и на Мундијалот во Бразил ги однесе во финале по пауза од 24 години кое го загубија од Германија со гол во 113-та минута.

Во четвртфинале ја елиминираа Белгија, а кога Игуаин промаши чист шанса на гол, Сабеља реагираше како никој до сега.

9 декември 2020 - 12:35