Како и многу Бразилци, така и Жоргињо немал лесно и едноставно детство и се соочил со многу тежок пат за да успее и да почне фудбалска кариера.
Растен е во Бразил, но како тинејџер дошол во Италија по што решил да го одбере италијанскиот дрес, пред бразилскиот.
Новиот член на Челси открива дека фудбал научил да игра од мајка му Марија Тереза Фреитас, која му помогнала како да се соочи со проблемите и да не се откажува кога на 15 години го напуштил Бразил и станал дел од фудбалската академија на Верона.
Мајка му на Жоргињо работела по цели денови како чистачка за да може да го прехрани син и и да му ги купи првите копачки и топка пред да почне да тренира во локалниот тим.
Тој бил толку врзан со неа што и ден денес се вознемирува кога ќе помисли на моментот кога на 13 години морал да се оддалечи од дома 180 километри за да оди на турнир.
„Мајка ми играше фудбал и јас многу научив од неа. Таа и денеска сака да заигра фудбал и многу се разбира. Ме носеше по плажи каде по цел ден работевме на техниката“, вели Жоргињо.
Тој бил дел од проект организиран од Верона која скаутирала 50 деца за меѓу нив да открие некој талент и да го ангажира да се кали во нивната академија.
Така Жоргињо заминал за Италија, а на почетокот преживувал со само 18 фунти неделно, бидејќи агентот ги земал останатите 27.000.
“Со тие пари не можев да направам ништо. Трошев пет евра за кредит за мобилниот и купував средства за хигиена и сето тоа ме чинеше 15 евра. Остатокот го трошев за интернет за да зборувам со семејството. Така живеев година и пол. Втората сезона тренирав со првиот тим и го запознав бразилскиот голман Рафаел кој ми е денес како брат. Кога му ја раскажав мојата приказна не му се веруваше. Од тогаш сè се промени“.
26 годишниот играч за врска дебитираше за првиот тим на Верона во 2010-та во втора лига и тој беше клучна фигура на екипата со која три години подоцна обезбеди учество во Серија А. Така му се случи трансферот во Наполи со кој веднаш во сезоната 2013/2014 го освои Купот и Супер Купот на Италија.
Жоргињо не е просечен играч од среден ред, туку плејмејкер кој ќе руши рекорди во Премиер лигата. Минатата сезина Гундоган постави нов рекорд на островот со 167 успешни додава против Челси.
Епа новиот член на Сините од Лондон на два меча успеал да стигне до 181 и 182 додавања. Тој држи неверојатни 9 места на топ 10 листата на најмногу прецизни пасови во Серија А, а негово не е само 10-то, туку е на довчерашниот негов колега Кулибали.
Минатата сезона пропушти пет средби во Серија А, но и без тие е рекордер со 2.860 додавања во цела сезона. Жоргињо беше срцето на Наполи кој се очекува на Сари да му биде една од главните алки во играта на Челси.
Пред 10 години немал пари да седне на кафе со другарите, а сега Абрамович за него искешира 57 милиони фунти. Поголем од парите кои ги добил од трансферот и ги пратил дома на мајка му, онаа која покрај цело мајчинска грижа, го научила и како да води топка.
Што мајка ќе беше.