Еден регион - тројца тренери полуфиналисти во Лига на шампиони

Ниту најголемите оптимисти и навивачи на миланските клубови не можеа ниту на сон да претпостават дека Милан и Интер ќе стигнат толку далеку сезонава во Лига на шампиони, после долгогодишно отсуство од истата каде едвај се вратија. На клупите на три клуба полуфиналисти седат тренери родени во градови од ист регион.

Куриозитет на полуфиналните средби е присуство на 3 од 4 тренери од ист крај - италијанската провинција Емилија. Првпат во историјата на елитната Лига на шампиони.

Пјаченца, Парма и Реџоло се градови од каде доаѓаат Симоне Инзаги (Интер), Стефано Пиоли (Милан) и Карло Анчелоти (Реал Мадрид).

Интересно, тројцата „мистери“ не само што се родени сите во Емилија, туку и играле или тренирале некој клуб од родниот реон. Анчелоти играше за Парма па ги тренираше Реџана и Парма. Пиоли играл две години од 1982 до 1984-та за Парма а беше тренер на Болоња, Модена, Парма, Сасуоло и Пјаченца, сите од реонот Емилија.

Во Пјаченца првите фудбалски чекори како мал ги направиле и браќата Инзаги, Филипо и Симоне.

Првиот човек, претседателот на регионот Емилија-Ромања, Стефано Боначини вели: „Не знам дали некогаш во историјата на „ушестиот“ Куп се случило дури тројца полуфиналисти од четворица да бидат водени од тренери родени во ист регион. Треба да се види и дали четвртиот тренер, Пеп Гвардиола кој во Италија играше за Бреша и Рома дали има некое потекло од Емилија-Ромања“.

Регионот е горд на своите пулени.

Дон Карло тука е секако најголем експерт во материјата, зошто годинава би можел да го крене петтиот пехар од Лига на шампиони во својата енормно богата кариера.

За Пиоли и Инзаги овој пласман е остварување на сонот и со самиот влез во полуфинале на Лига на шампиони тие двајца влегоа како едни од ретките италијански тренери на кои им тргнало од рака тоа.

Вечерва на „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ битка ќе бијат големите милански ривали. Милан е номинално домаќин. Интер доаѓа во подобар момент, односно подобра форма, така што се очекува голема борба пред реваншот за една недела кога ќе се знае кој е патник во големото финале.

Интересно сезонава Интер и Милан поставија нов рекорд со дури 5 меѓусебни дербија во иста сезона.

10 мај 2023 - 13:36