Доскорешна македонска репрезентативка: „Ни викаа дека местото ни е во кујна, ајде вие сега на скаричка назад“

Поранешната македонска фудбалска репрезентавика и капитен на Македонија, Афродита Салихи, и самата редовен гостин во коментарите на нашата рубрика, синоќа објави нешто за дебаклот на македонските фудбалери во Англија.

Афродита Салихи беше дел од селекцијата која исто изгуби убедливо од женската репрезентација на Англија, па се осврна на некои коментари од тогаш:

Македонската фудбалска репрезентација на 19. јуни 2023-та го претрпе најтешкиот пораз во својата историја. На „Олд Трафорд“ во Манчестер изгуби 7:0 што е највисок пораз откако е основана репрезентацијата.

20 јуни 2023 - 12:02