
Тотенхем во четвртокот доцна вечер соопшти дека претседателот на клубот Даниел Леви дал оставка на местото прв човек после речиси 25 години на чело на Тотнем. Оваа одлука била мотивирана од најблиското семејство на Леви.
Навивачите со години беа во контра со неговото водење на клубот. Му замеруваа дека тој има огромни вложувања во инфраструктура а малку на терен. Даниел Леви изгради ултра-модерен стадион на Тотенхем, нов, во нивна сопственост и тоа е една од најубавите арени во Европа.
Наводно една компанија од САД, Гиб Ривер Групација ќе го откупи клубот од Леви. Тие веќе го планираат за нов претседател Винаи Венкатешам и Питер Карингтон како извршен директор.
Тотенхем е проценет на 3,75 милијарди фунти.
„Неверојатно сум горд на работата која ја работевме со извршниот тим и сите наши вработени. Го изградивме клубов во глобална велесила која се натпреварува на највисоко ниво.
Повеќе од тоа изградивме заедница. Бев доволно среќен да работам со некои од најдобрите луѓе во овој спорт, од тимот во Лиливајт Хаус и Хотспур Веј до сите играчи и тренери низ годиниве.
Би сакал да им се заблагодарам на навивачите кои ме поддржуваа низ годиниве. Не беше баш секогаш лесно патување но се направи значаен развој. Ќе продолжам страствено да го бодрам овој клуб“, напишал Даниел Леви во соопштение за клупскиот сајт.
Тотенхем го води компанијата ENIC со 86,58% од акциите а Даниел Леви поседува 29,88% од акциите во ENIC.