Чаби Алонсо, Чави, Шави Алонсо или Хаби Алонсо - како е правилно?

Ова не е текст за тоа како би требало или не би требало да го викаме тренерот на Баер Леверкузен, туку текст за лингвистичките особености на шпанскиот, баскискиот и каталонскиот јазик.

Во светот на фудбалот има многу Хавиери - од Савиола до Маскерано, но во случајот на легендарниот играч на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен кој сезонава прави чуда како тренер на Баер Леверкузен, неговото име е Хабиер.

Доколку се знае дека буквата J со која почнува името Хавиер (Javier) во латинско-јужно американското говорно подрачје се изговара Х, тогаш следствено на тоа Xabi или Xabier имиња кои почнуваат на буквата Х би се читале Ксаби? Како xenofobia - ксенофобија или xenon - ксенон?

Кај нас повеќето го викаат Чаби.

На сајтот Forvo.com кој важи за најголема страна на светот на која може да се слушне правилен изговор на многу имиња, машки глас од шпанско говорно подрачје вели „Шави Алонсо“, а женски глас од шпанско говорно подрачје вели „Чави Алонсо“.

На Јутјуб каналот Pronounce Names го викаат Сави Алонсо, а на каналот How To Say велат дека е Шави Алонсо.

ПА КАКО Е ПРАВИЛНО: ХАБИ, ШАВИ ИЛИ ЧАБИ?

„Во шпанскиот јазик има име Хавиер и скратеница од него - Хави. Но неретко ги пишуваат и изговарат како Шавиер и Шави или Чави. Сите тие се форма на едно име. Зависи од тоа каде човек се родил и како се определува“, вели испанистката и директорка на институтот Сервантес во Москва, Татјана Пигарева.

„Можеби најпознатиот Хавиер на светот - глумецот Хавиер Бардем е роден на Канарите. Неговото име го пишуваат со J па секогаш ќе биде Хавиер. Дури и Каталонци би кажале Хавиер Бардем“, додава Пигарева.

Чаби или Хаби Алонсо, како милувате, е роден во Земјата на Баските во баскиско земејство.

„Јас сум Баск, прав Баск“, рекол еднаш Алонсо во интервју.

„Ако се работи за Баск, тогаш неговото име почнува со Х и он е Шавиер или Шави Алонсо. Но во Баскија има многу презимиња со Х кои во тој јазик ги изговарат со Ч. Поради ова сомнеж има дури и кај самите Шпанци. Ако прашате Баскиец, најчест одговор ќе ви биде дека се вика Шави Алонсо но со Ш блиско до Ч при изговорот“, додава испанистката од Москва, Пигарева.

Таа тврди дека не е Хаби како што го изговараат сите во руското говорно подрачје, а најмногу новинарите и спортските коментатори. „Во шпанскиот и баскискиот јазик буквата Б се чита како нешто помеѓу руското Б и В но поправилно е да се изговара и пишува В. Јас би напишала Шави“.

А ЧАВИ ОД БАРСЕЛОНА КАКО Е?

Да се разбереме и со изговорот и пишувањето на Xavi Hernández кого повеќе од 20 години во регионов го викаат Чави Ернандез. Но во родниот каталонски крај го знаат поинаку.

„Во класичниот каталонски јазик буквата Х е поблиска до Ш при изговор. Затоа кај нив често Хавиер го изговараат Шавиер или кратката форма Шави. Но често сите го викаат Чави. Јас имам тројца пријатели каталонци по име Xavi и сите за себе викаат дека се Чави“.

„Работата е што во класичниот шпански јазик отсуствува звукот за буквата Ш. Шпанец тешко може да го изговори овој глас зошто не умее. Затоа каталонскиот град Шатива, Шпанците го викаат Хатива.

А КАКО ГИ ВИКААТ ВО МАДРИД?

Интересно, вели професорка Пигарева, на кастиљски (класичен шпански јазик на кој се зборува во Мадрид), имињата на Алонсо и Ернандез би ги викале Ксавиер или Ксави. Причина за тоа е што буквата Х на кастиљски звучи КС како што е пример examen (ексамен).

„Но така можеле да ги викаат во епохата на Франко кога баскискиот и каталонскиот биле забранети. Сега речиси никој нема да каже Ксави. Кастиљскиот ги чита каталонските и баскисите имиња како што се напишани па затоа овие спортисти би биле Шавиер или Шави и Чави. Во Шпанија имињата и презимињата ги кажуваат во оригинал. На пример Гвардиола е Џозеп а не Хосеп затоа што тој е од Каталонија. Така Шпанците во оригинал ги кажуваат и португалските Хозе Мурињо, Хорхе Мендез...“

Еве едно интересно видео со речиси пола милион прегледи. Како се изговара името Xavier? Велат дека просто зависи од земјата на потекло на лицето кое го носи ова име или каде го користите ова име.

28 февруари 2024 - 11:33