Пари Сен Жермен поведе против Наполи со 0:1 со гол во судиското продолжение од првото полувреме. Во вториот дел Италијанците заиграа далеку подобро, израмнија од пенал преку Инсиње и имаа страшни налети за втор гол и делириум. Во тоа ги спречи Буфон кој бранеше како во најдобрите денови во Јувентус и репрезентацијата.
После мечот дал неколку интересни одговори. Прво зборувал за тешкото гостување во Неапол:
„Дали е коректен резултатот? Да, мислам дека е, затоа што никогаш не сум видел некој да дојде во Неапол и лесно да победи. Како што им кажав и на соиграчите пред мечот, во Неапол сум победил само пар пати во целата кариера, а знаете дека имам прилично долга кариера и сум играл против силни екипи. Да се победи во Неапол е многу тешко.“
Потоа новинарите го прашале зошто симпатично се насмеал пред Инсиње да го изведе пеналот:
„Не, не сакав да го збунам, едноставно така ми дојде, само јас се насмеав, тој не се смееше“, признал во шега Џиџи кој ја процени страната на која шутираше Лоренцо но топката заврши во мрежата.