Покрај Жирона, Болоња и Штутгарт, најубаво изненадување на сезоната е и францсуки Брест, клуб кој буквално направи чудо и се пласираше во Лига на шампиони како трет најдобар клуб во Франција.
Брест домашните натпревари ги игра на својот стадион „Франсис Ле Бле“. Ова симпатично но многу старо стадионче не ги исполнува стандардите и критериумите кои ги бара УЕФА за Лига на шампиони.

Стадионот „Франсис Ле Бле“ има капацитет од 15.931 седечки места. Изграден е во далечната 1920-та година а од тогаш неколку пати е реновиран. По техничкиот преглед на луѓето од УЕФА, Брест бил известен дека во недостиг на исклучително важни работи на стадионот, може да му допуштат да игра пред само 5.000 луѓе на стадионот во случај клубот да одлучи сепак да остане во својот дом за натпреварите од Лига на шампиони.
Друга опција, пореална и најверојатно остварлива е стадионот „Рудуру“ во Генган кој е најблизу до Брест.
Клубот пред неколку години покренал проект за изградба на нов модерен стадион од 15.000 места а почеток на градбата е планирана за 2025-та година.
Mais OUI, OUI, OUI !!! 🔴⚪⚔
— Stade Brestois 29 (@SB29) May 19, 2024
Direction la 𝗟𝗜𝗚𝗨𝗘 𝗗𝗘𝗦 𝗖𝗛𝗔𝗠𝗣𝗜𝗢𝗡𝗦 !!! #TonnerreDeBrest ⚡ pic.twitter.com/JTxwX6qY8w
КАКО НАПРАВИЈА ЧУДО?
Успехот на Брест е прав шок за цела француска спортска јавност. Најдобриот резултат во историјата на Брест е осмо место во француската прва лига во сезона 1986/1987. Во сезоната 2023/2024, Брест заврши трет на табела зад ПСЖ и Монако.
Благодарение на проширувањето на Лига на шампиони - сега ќе има 36 наместо досегашните 32 клуба. Франција ќе има три директни учесници, а четвртиот ќе игра во квалификации за ЛШ (претходно имаа 2+1).
Брест на почеток на сезоната во Лига1 поставил цел - опстанок во лигата и да се избегне испаѓање во втора лига.
Притоа овој клуб по платежната моќ е 14-ти од 18 клуба во Франција. Во летото 2023 помалку од Брест на трансфери потрошил само Ле Авр кој влегол од втора во прва лига. Брест потрошил 3,5 милиони евра а Ле Авр 2,9 милиони евра.

А трансферите на „пиратите“ тешко може да се наречат засилувања - откупени биле двајца играчи кои минатата сезона настапувале на позајмица.
Притоа го продале и најдобриот играч Франк Онор за 8 милиони евра во Менхенгладбах. Тоа им била четврта највисока продажа во клупската историја.
Финансиската ситуација на Брест му го отежнува и планот за нов стадион. Стадионот „Франсис Ле Бле“ е стар 102 години. Има убава атмосфера на него, но по признание на градоначалникот на Брест Франсоа Кијандре, стадионот е веќе готов. Во меѓувреме градоначалникот кој на таа функција е од 2001-ва година објавил дека Брест сигурно своите натпревари од Лига на шампиони ќе ги игра во соседен Генгам.
Во самиот напад се 190 сантиметри високиот Стив Муние и Уругваецот Сатријано кој е одличен во пресинг на противничка половина.
КОЈ Е ЕРИК РУА - ТРЕНЕРОТ НА ЕКИПАТА?
Човекот кој направи чудо со Брест, Ерик Руа има необична биографија. Фактички Брест е негова втора тренерска работа во кариерата. Првата му била пред 10 години порано кога ја водел Ница во сезоната 2010/2011. Во меѓувреме меѓу Ница и Брест работел како спортски директор или како човек за односи со јавност.
На почетокот на 2023-та Ерик Руа го презел Брест кој бил трет од позади во Лига 1 и во зоната на испаѓање. Неговото назначување било многу чудно затоа што Ерик Руа немал никакви адекватно тренерско искуство. Но тој ја воздигнал екипата и направил чудо.
„Пред две години луѓето се смееа кога ќе го видеа моето име во врска со некои клубови. Сега помалку ќе се смејат“, вели Руа.
Ерик не е некој страшен тактичар, но изгледа владее со одлични мотивациони и организациски навики. Навивачите го нарекле Кралот Ерик.
Во зимскиот преоден рок Брест не ги распродал играчите иако имал некои понуди. Милан на пример се интересирал за стоперот Лилиан Брасие, еден од најперспективните фудбалери на Брест.
БАЈКАТА НА БРЕСТ СЕ СОВПАДНА СО КРИЗА НА МНОГУ КЛУБОВИ ВО ФРАНЦИЈА
„Во Брест нема ништо вонредно, тој не е крив што останатите клубови тонат“, пишал еден коментатор на магазинот L'Equipe. И така е. Големите Ленс, Марсеј, Рен, Лил, Ница и Лион играат многу полошо од минатите сезони.
Брест за разлика од нив одигра фантастична сезона. Забележа 17 победи, 10 нерешени и 7 порази со гол разлика 53:34.
КАКО ИГРА БРЕСТ?
Овој симпатичен тим воден од тренерот Ерик Роа е најстандарден речиси во цела Лига. Ротации скоро и да нема. Брест за цела сезона користел само 23 фудбалери, а помалку играчи во Топ5 лигите користеле само Лацио и Хајденхајм (по 21).
14 играчи во Брест најчесто се ротираат а има 10 железни кои се најстандардни: голманот Бизот, леви бекови се Џордан Амави и Бредли Локо, стопери стандардно се Брасие и Шардоне, а десен бек Кени Лала. Во средниот ред најстандардни се Мањети, Ле-Мелу, Камара, на крила Ле Дуарон (лево) и дел Кастиљо (десно), а во самиот напад Муние и Сатриано.

Интересно е што дури девет играчи од првиот тим се Французи, што е реткост во Лига 1. Странци се голманот Марко Бизот (Холандија), Муние (Бенин) и Сатриано (Уругвај).
Главна сила на 56-годишниот тренер Ерик Роа е одбраната. Само Ница сезонава во Лига1 примила помалку голови (29), ПСЖ (33) а Ница и Брест по 34 примени голови.
„Пиратите“ со тренерот Ерик Роа играат интензивен пресинг, одлично играат во воздушни дуели кои повеќето ги добиваат и брзо го враќаат изгубениот посед. Апсолутно секој играч на Брест може да се окарактеризира како дисциплиниран, жесток, храбар. Екипата силно зависи од физичката подготвеност и изгледа како една од најдобро спремните во Франција.
🫶 𝐊𝐢𝐧𝐠 𝐄𝐫𝐢𝐜 👑 pic.twitter.com/TB5gN5JJZR
— Stade Brestois 29 (@SB29) May 20, 2024

Тоа е особено приметно во пресингот. Во притисок по зоната на топка често преоѓаат од 4-3-3 на 4-2-3-1. Пресингот им е главна карактеристика.
Тоа било видно забележливо на мечот против ПСЖ кога при резултат 2:2 во 70-та минута дури пет фудбалери на Брест бркале топка на туѓа половина и ја одземале. Пресингот на „пиратите“ трае долго а е само 20-ина минути па после 70 минути автобус пред својот гол.
На крајот од февруари Брест го разбил Стразбур 3:0 до 60-та минута, а во последните половина час ривалот едвај стигнувал до топка.

Главен во пресингот е последниот играч за врска Пјер Ле Мелу. Тој едно време сезонава бил лидер по број на одземени топки и скратени додавања. Покрива гигантски простор на теренот од недела во недела. За неговата позиција често и шутира кон противничкиот гол (во просек по два пати по натпревар).
Кога го прашале Ле Мелу дали очекува повик за Франција за Евро 2024 рекол: „Веќе имам планиран летен одмор“.
Најприметлив со топка во екипата е крилниот напаѓач Ромен Дел Кастиљо кој сезонава со 8 гола и 8 асистенции на 33 меча е најдобриот асистент во Лига 1.

Во самиот шпиц тандем се Уругваецот Мартин Сатријано (4 гола и 4 асистенции на 33 меча) кој игра одличен пресинг на противничка половина и 1.90 см високиот Стив Муние (6 гола и 2 асистенции на 32 меча).