Стручните коментатори на англискиот Sky Sports, Џејми Реднап и Патрис Евра во вторникот вечер не ги носеле беџевите Black Lives Matter (Животите на црнците се важни), а капитените на сите англиски премиерлигаши спремаат заедничко соопштение во однос на ова движење од кое полека се дистанцира и Премиер лигата.
Ниту Реднап, ниту водителката Кели Кејтс ниту Гери Невил ни Батрис Евра не носеа беџ за време на мечот Брајтон - Манчестер Јунајтед (0-3) пред кој играчите повторно седнаа на едно колено во знак на солидарност со движењето за правата на црнците. Одново носеа и натпис Black Lives Matter' на нивните дресови.
Ама британското крило на оваа американска организација во меѓувреме цапнало во политичко мочуришите, па тоа беше доволно полека да се дистанцираат од него.
Со серија твитови за „дефундирање на полицијата“ (намалување на средствата наменети за полицијата) и серија твитови анти-Израел, британското крило на BLM ја губи поддршката од поголемиот дел од јавноста затоа што се меша во политика.
„Ја препознавме важноста на пораката дека животите на црните луѓе се важни, но да се појасни дека тоа „не поддржува никаква политичка организација или движење, ниту поддршка на која било група која повикува на насилство или врши илегални активности“, стои во соопштението кое го објави Премиер лига во вторникот.
Овој проблем го дискутирале и некои играчи, а поедини капитени на најдобрите клубови разгледуваат можност да објават заедничко соопштение на темата, па можно е и наскоро веќе да нема клечење и натписи Black Lives Matter.
Играчите без приговор и со целосна поддршка застанаа зад протестите организирани од ова движење BLM, но сега гледаат дека постои политички активизам па полека се повлекуваат.
Во неделата Black Lives Matter UK објавил твитови против Израелската анексија на Западниот појас и пишале дека британските мејнстрим политичари не се дрзнуваат да го критикуваат Ционизмот.
Следниот ден лидерот на Лабуристите, Сер Кир Стармер кој клекнал на колено заедно со неговите парламентарни колеги, рекол дека е срамно што сентиментот кој стоеше зад Black Lives Matter се користи за политички поени и дека нема смисла барањето за дефундирање (намалување на парите наменети за полиција) во Велика Британија.
Едноставно полицијата во САД и Велика Британија е неспоредлива, затоа што во Америка имаат далеку побројна и поопремени полициски единици, а и буџетот предвиден за нив од државата е далеку посериозен од оној кој го добиваат британските полицајци, така што “defund the police“ не може да се користи во Британија како што има смисла во САД.
Прв којшто јавно го потегна ова прашање во Велика Британија беше Мет Ле Тисие, поранешен фудбалер на Челси и Саутемптон. Тој рекол дека прво го носел беџот во емисија на барање на шефовите на телевизијата, но дека веќе нема намера да го носи зошто групата станала крајно левичарска и не му се допаѓале барањата против полицијата и анти-капиталистичкиот став.
Сите играчи носеа лого за поддршка на BLM, која што го направи партнерката на капитенот на Вотфорд Трој Дини, но прашање е колку оваа група ќе добива поддршка по испадите на британското крило.